ЛЕЖЕЛ НА ШИНИТЕ И ВОЗОТ ГО ПРЕГАЗИЛ: Кај Битола загина млад човек од Албанија
Во СВР Битоа, вчера во 14.00 часот било пријавено дека патничкиот воз кој сообраќал од Битола
кон Скопје, на потегот меѓу станиците „Браилово“ и „Слепче“, прегазил човек кој
лежел на шините.
Лицето починало веднаш, а по извршениот увид било констатирано дека станува збор за М.Д.(44) од Република Албанија.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Слично
