Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕЗБЕЈКО, КАКО НЕ ТИ Е СРАМ, ТИ ТРЕБА ДА СЕ ЛЕЧИШ - две девојки говорат за стигмата поради сексуалната определба

ЛЕЗБЕЈКО, КАКО НЕ ТИ Е СРАМ, ТИ ТРЕБА ДА СЕ ЛЕЧИШ - две девојки говорат за стигмата поради сексуалната определба

„Лезбејко, како не ти е срам, тоа е болест, ти треба да се лечиш. И тоа многу лошо влијае врз мене“, вака ја почнува за Види вака својата приказна Софија Меновска, која е во врска со друга девојка и не е разбрана од околината. 

Лајка и Софија веќе една година и два месеци се соочуваат со говор на омраза поради својата сексуална определба, се раскажува во приказната за овие две млади жени на интернет медиумот Види вака. 

Лајка Алексовска вели дека од млади години му кажала на нејзиното семејство за својата сексуална определба и отсекогаш, вели, од нив имала дискриминација.

„Јас кога наполнив 18 години заминав од дома бидејќи не можев да ја трпам таа дискриминација“, вели Лајка.

Софија раскажува дека до пред две години живеела со вујната, вујкото и двајца братучеди.

„Тие знаеја за мене, но никогаш не сме разговарале на таа тема, се до пред една година кога ја запознав Лајка“.

Кога Софија ја запознала Лајка со роднините, тие на тоа е спротивставиле, па двете девојки почнале да живеат заедно. 

Најголемата поддршка ја добиваат од мајката на Софија која не живее во Македонија, но телефонски ги поддржува постојано. 

Сметаат дека клучно е образованието за да се надмине оваа дискриминација.

Вчера во Скопје се одржа втората парада на гордоста. 

Слично

Поврзани вести