Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лежалка за да одмори, топка и сет кофички и лопатки - ова е подарок од младите од ВМРО-ДПМНЕ за директорот на ФЗО

Лежалка за да одмори, топка и сет кофички и лопатки - ова е подарок од младите од ВМРО-ДПМНЕ за директорот на ФЗО

Младите од ВМРО-ДПМНЕ му спремија пакетче на директорот на ФЗО. 

Го критикуваат директорот дека заминал на одмор додека системот со податоци беше хакиран, а лекарите не можеа да земат плати. 

„Не знаејќи како да се соочи со реалноста, на директорот Фатон Ахмети најлесно му било да оди во САД и сето ова време да седи на плажа, пиејќи коктели и да игра со песок. Затоа, ние како УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска спремивме едно пакетче за директорот. Лежалка за да одмори, топка и сет кофички и лопатки за да игра на убавите песочни плажи и да не му здосади одморот, гума за пливање за кога ќе одлучи да се излади во водите на Атлантикот да не забега кон длабокото и да го загубиме и за крај чадор и крема за сончање за да не му изгори кожата бидејќи неговата кожа е поскапа од  кожата на македонските граѓани. Власта на СДС – ДУИ и нивниот кадар не ги интересира животот на граѓаните. Додека тонеме на секое поле од општеството, овие мислат само на луксуз и лични интереси“, вели Валентин  Манасиевски од ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Системот се врати во функција, но од ФЗО не кажаа колку пари барал хакерот, затоа што е отворена истрага. 

Магдалена Филиповска Грашкоска, генералната директорка на Фондот за здравство, деновиве на одржаниот брифинг со новинарите рече дека не смее да изнесува детали за тоа колку пари бараат хакерите.

Слично

Поврзани вести