Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕВИЧАРСКИОТ БУНТОВНИК АПАСИЕВ ГИ ЗОВРЕ МРЕЖИТЕ - некои го навредуваат и пцујат, други го величаат

ЛЕВИЧАРСКИОТ БУНТОВНИК АПАСИЕВ ГИ ЗОВРЕ МРЕЖИТЕ - некои го навредуваат и пцујат, други го величаат

Постот на пратеникот, лидер на Левица и професор, Димитар Апасиев, предизвика бура на фејсбук, но и во групите на оваа социјална мрежа. 

Еве што напиша Апасиев вчера, по одбележувањето на 19 -годишнината од случувањата на Карпалак. 

Не стивнуваат коментарите откако тој го напиша овој пост.

Гоем број граѓани сметаат дека неговата изјава е вулгарна, непристјна и не доликува на некој што освоил над 37 илјади граѓански гласови на последните парламентарни избори.

Има и граѓани кои својот револт го искажуваат во вид на навреди, па дури и потешки квалификации кон Апасиев. 

Но, има и такви граѓани, кои се негови поддржувачи, кои застанаа во одбрана на Апасев, сметајќи дека тој е во право, па дури и малку им кажал на властодтршците, и дека никој не треба да се скандализира од неговите изјави. 

Со реакција преку својот профил досега се јави Коста Костдинов, пратеник и портпарол на СДСМ, кој му пораќа дека е фашист и дека треба да ги врати народните пари што ги заработи од СЈО. 

Димитар Апасиев се досега не напиша било каков друг статус на фејсубук освен вчеравечерниот пост, со кој ја зовре јавноста, ниту, пак, го повлече, а бројот на лајкови расте, достигнувајќи над шест илјади. 

Нема реакцја ниту на фејсбук профилот на вицепремиерката Шекеринска. 

Слично

Поврзани вести