Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица за Пендаровски: Овој кариерист и империјалистички слуга е еден обичен приврзок на лузерскиот заевизам

Левица за Пендаровски: Овој кариерист и империјалистички слуга е еден обичен приврзок на лузерскиот заевизам

Пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов најавија дека ќе ја бојкотираат 96-та пленарна седница, на која е планирано традиционалното годишно парламентарно обраќање на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Велат дека одбиваат да учествуваат во формалистичкиот театар на т.н. „шеф на државата“, кој ги одмолчи сите национал-шовинистички испади на нашите балкански соседи и божемни европски партнери – за кои, сè почесто, како што велат од Левица во нивните јавни обраќања, стануваме „Северномакедонски пријатели“.

„Сметаме дека еден ваков ситнодушест буржуј, без кичма и карактер, кој е безгласна буква во внатрешната и во надворешната политика и не реагира на повампирениот бугарски неоврховизам и великоалбански сецесионизам, кој сервилно го одмолчува секојдневното подигрување со инсигниите на македонската нација и негирањето на македонскиот јазик, нема ништо паметно да каже и затоа не го заслужува вниманието на нашите народни пратеници и на пошироката јавност“, велат од Левица. 

Го окарактеризираа како човек со некреативен, дрвен и папагалски новоговор и апологет на поданичкиот невизионерски НАТО фундаментализам, и велат дека никогаш не бил и нема да биде вистински прифатен како обединувачки „Татко на нацијата“. 

„Овој кариерист и империјалистички слуга е еден обичен приврзок на лузерскиот заевизам и како таков ќе биде запаметен и сместен на гнојарникот на Историјата. Тој е промотор на антимакедонската сервилна меѓународна политика, која преку вазалство и национално понижување на Македонците, Републиката ни ја направи протекторат на западните корумпирани елити. Неговото неминовно заминување од политичката сцена во 2024 година ќе биде катарза за нов почеток во водењето на современа, достоинствена и мултиполарна државничка надворешна политика, креирана од новата генерација храбри македонски политичари, со визија за еден нов и праведен свет“, додаваат од Левица. 

Pендаровски во своето предновогодишно обраќање во Собранието порача дека е потребна кристално јасна и чиста правна и политичка процедура за промена на Уставот. На опозициските пратеници им порача да не чекаат прво да дојдат на власт па да гласаат за уставните измени.

Слично

Поврзани вести