ЛЕВИЦА ВО ЖЕСТОК ОТПОР: Да се прекине шумската касапница, жителите на Ореше најавуваат и мртва стража!
Најавена уште една голема масовна сеча во реонот на Азот, во непосредна близина на мијачкото село Ореше во Општина Чашка, објави политичката партија Левица.
- Селаните од Ореше најавуваат жесток отпор и одбрана на своите кории од налетот на шумската мафија која под закрила на Ј. П. Македонски шуми и Ш. С. Горна Бабуна по завршениот тендер за сеча ќе започнат со организирана, масовна, неконтролирана и гола сеча во еден од најбогатитe реони со висококвалитетна шума во Р. Македонија.
Селаните од Ореше во отсуство на официјална заштита од надлежното Министерството за земјоделие , преку јавен апел на социјалните мрежи најавија жесток отпор сo самоорганизирање и мртва стража, со што им откажаа добредојде на тендерашките фирми кои годинава добија дозвола за убиство на шумитe од страна на Ј. П. Антимакедонски Шуми.
Политичката партија Левица е категорично против најавата за уште една шумска касапница и бара од Министерот за земјоделие Љупчо Николовски, ИТНО да го поништи тендерот и да ja спречи најавената сеча што може да биде причина за сериозен конфликт!- велат од партијата.
Слично
