Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

На денешен ден пред 23 години се случи најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Од заседа масакрирани, а потоа живи запалени и ѕверски биле убиени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. 

Во нивна чест, денес во Битола беше посетен Споменикот на Бранителите, од Генералниот секретар и Носител во ИЕ5 Јована Мојсоска, Советникот Горан Велевски и Секретарот на ЛО Битола Бранислава Стојановиќ. Положено беше свежо цвеќе и беше оддадена почит на загинатите. 

Членови на ЛО Битола го посетија и родното место на загинатиот бранител Илче Стојановски, Породин. Положија свежо цвеќе на спомен обележјето на загинатите од Вејце и присуствуваа на настанот оджржан во чест на Бранителот Илче Стојановски. 

И после 23 години, бранителите и нивните семејства се заборавени, а терористите на УЧК се амнестирани и во институциите. Воени злосторства не застаруваат и правда за македонските херои кои го положија животот за Македонија мора да има.

Слава им!

Слично

Поврзани вести