Левица во Битола ќе го поддржи архитектот Николовски за градоначалник
Левица на локалните избори ќе го поддржи архитектот Зоран Николовски како кандидат за градначалник на Битола. Од партијата за него велат дека е докажан професионалец и човек кој може да се пофали со проектите во својот роден град.
- Во градот кој е бастион на Левица, веруваме дека поддршката за кандидатот Зоран Николовски претставува авангардна комбинација која ќе донесе промени и нови идеи за Битола.
На овие избори настапуваме со јасна визија за нашата Битола, во која ги обединуваме прогресивните и компетентни потенцијали, создаваме платформа на интелектуалци и професионалци, кои целото свое знаење ќе го стават во служба на една идеја - Битола, соопшти Левица.
Слично
