Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица: ВМРО-ДПМНЕ ни го вандализираше штабот во Аеродром

Левица: ВМРО-ДПМНЕ ни го вандализираше штабот во Аеродром


Синоќа, во доцните часови, вандалите поддржани од власта на ДПМНЕ повторно се обидоа да покажат моќ, односно со спреј ја вандализираа канцеларијата на Левица – ЛО Аеродром, објави партијата во денешната реакција до јавноста.

„Очигледно е: кога немаат аргументи, се служат со вандализам и заплашување.
 Но ако мислат дека со тоа ќе не‌ заќутат, тропнале на погрешна врата.
Членовите на Левица се цврсто убедени во своите ставови и нема сила што може да нѐ натера да отстапиме од нашата идеолошка борба“,информира Левица.

Од таму додаваат дека нема никакви притисоци, како што е соопштено, да ги одврати од борбата за доброто на народот.

Слично

Поврзани вести