Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕВИЦА УДРИ ПО РКЕ: Бара укинување и замрзнување на цената на струјата

ЛЕВИЦА УДРИ ПО РКЕ: Бара укинување и замрзнување на цената на струјата

Партијата Левица најави дека ќе побара укинување на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и итно замрзнување на цената на електричната енергија за домаќинствата.

Од партијата реагираат дека, наместо подобрување на животниот стандард и зголемување на платите, граѓаните од јануари ќе се соочат со повисоки сметки за струја. Според Левица, тоа е директна последица на, како што велат, немањето визија и лошото управување со енергетскиот сектор од страна на владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски.

„Иако владата на Мицкоски ветуваше дека ќе го укине надоместокот за мрежарина од 200 денари, не само што не го укина, туку факт е дека Македонците плаќаат најскапа струја во регионот. Ова е уште еден доказ дека енергетскиот сектор е поставен да носи сигурен профит за приватниот капитал и дека оваа влада е единствено во служба на енергетската мафија“, реагираат од Левица.

Партијата оценува дека Регулаторната комисија за енергетика, со претседателот Марко Бислимовски, повторно се покажала како нефункционална институција која, според нив, ги аминува интересите на странскиот капитал, наместо интересот на граѓаните.

„Дополнително, РКЕ со Бислимовски повторно се докажа дека е целосно непотребна институција, која само ги аминува барањата на австрискиот капитал! Затоа, Левица ќе бара укинување на оваа регулаторна комисија, која никако не го штити интересот на народот“, додаваат од Левица. 

Слично

Поврзани вести