ЛЕВИЦА СО УШТЕ ЕДНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ТАЛАТ ЏАФЕРИ: Но, тоа не е се, му спремаат уште најмалку две
На истекот на мандатот на претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, пратениците од политичката партија „Левица“ му поднесоа уште една кривична пријава.
Како што објавија од партијата, и како што пренесе и самиот претседател на „Левица“, Димитар Апасиев, кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, заради основано сомневање за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ – казниво по чл. 353-в од Кривичниот законик, со запретена затворска казна до три години.
Пријаавата според она што го објави Апасиев на неговиот Фејсбук профил е поднесена од пратениците на Левица – проф. д-р Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до Основното јавно обвинителство – Скопје
- Пријавата, која е деветта по ред против беззаконието и силеџиството на овој амнестиран терорист, е поднесена поради пропуштање должен надзор и злонамерно несовесно постапување во случаите со шверцуваните пет закони за „Бехтел и Енка“ (Законот за стратешки партнер за коридорите 8 и 10-д + Законот за урбанистичко планирање + Законот за градење + Законот за експропријација + Законот за работни односи), кои спротивно на сите деловнички правила беа пуштени со европско знаменце – без пополнета кореспондентна табела и без потпис од надлежните министри - се наведува во објавата на социјалните мрежи.
Дополнително се посочено дека пријавениот бил должен споменатите закони да ѝ ги врати на Владата, како предлагач, со барање за усогласување со одредбите од Деловникот – а не го сторил тоа.
- Поради тоа го довел парламентот во заблуда и ги повредил загарантираните уставни права на пратениците, за што подлежи на кривично-правен прогон по службена должност.
Ја известуваме македонската јавнос дека правниот тим на Левица подготвува уште најмалку две кривични пријави против Џафери, за различни кривични дела против службената положба и овластување, а нивното процесуирање ќе биде услов на Партијата за учество во било која идна Влада на Република Македонија - се потенцира во нивната објава.
