Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕВИЦА: Со темата за промена на државниот грб, Мицкоски ја отвори Пандорината кутија

ЛЕВИЦА: Со темата за промена на државниот грб, Мицкоски ја отвори Пандорината кутија

Политичката партија Левица е против промена на државниот грб, што го најави премиерот Христијан Мицкоски завчера. Тој кажа дека со Вреди разговараат на оваа тема. 

„Државниот грб им пречи само на неоврховистите и необалистите“, велат од политичката партија Левица и дополнуваат дека со отворањето на темата за промена на државниот грб, премиерот Христијан Мицкоски ја отвори Пандорината кутија, којашто, како што вели партијата, единствено оди во прилог на балистичките апетити на партиите од т.н. албански блок, коишто инстантно побараа промени на сите останати инсигнии.

„Мицкоски отворено го промовира својот ванчо-михајловистички континуитет, каде основен постулат е бришење на симболиката што потсетува на антифашистичкото минато, народно-ослободителната борба и АСНОМ, кои се темелот врз којшто е создадена Македонија! Ова само се надоврзува на анти-асномските политики на ДПМНЕ, кои во 2009 година ја тргнаа петокраката од државниот грб. Потсетуваме дека токму со таа петокрака, македонскиот народ извојува победа против фашистичкото зло“, велат од Левица.

Но, од албанските партии кои се дел од власта говорат и за промена на химната, иако ВМРО-ДПМНЕ тоа го негира. 

Слично

Поврзани вести