Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕВИЦА СО СЕРИОЗНИ ОБВИНУВАЊА - тврдат дека се местат тендери во Гази Баба додека жителите од околината се гушат во димот од Вардариште

ЛЕВИЦА СО СЕРИОЗНИ ОБВИНУВАЊА - тврдат дека се местат тендери во Гази Баба додека жителите од околината се гушат во димот од Вардариште

Опозициската Левица со обвинувања за корумптивни активнсоти во општина Гази Баба. Тие укажуваат на криминал и местење тендери додека граѓаните се гушат во канцероген воздух од депонијата Вардариште. 
- Во општина каде улиците се распаѓаат, каде секоја поголема дождовна капка претвора цели маала во мочуриште, каде десетици семејства и денес немаат канализација и неретко се оставени без вода, каде децата растат во нечовечки услови - градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски од ДПМНЕ, ги сврте очите на другата страна. Тој не ја гледа мизеријата во општината, затоа што е зафатен со грижа за тоа како јавните пари да ги насочи кон фирмата на својот најблизок пријател.

Станува збор за „ЛАКИТЕРМ“ ДООЕЛ, фирма во сопственост на Мики Милевски – човек со кој Стефковски без срам позира претставувајќи го како најдобар пријател. Токму тој другар, благодарение на партиската врска и расипничкиот карактер на Стефковски, добил тендери вредни над 9 милиони денари.
- 3,6 милиони денари за Државен студентски дом „Скопје“

- 4,4 милиони денари за ДСД „Томе Стефановски – Сениќ“

- 1 милион денари за ООУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци - пишува во објавата на партијата на социјалните мрежи. 

Потоа додаваат дека за градоначалникот на Гази баба граѓаните на Гази Баба се последни на листата на приоритети. 

- Додека луѓето тонат во кал, дишат канцероген воздух и се гушат во урбанистички хаос, тој ја користи градоначалничката фотелја како банкомат за своите најблиски.

Секој ден поминат со ваква власт е уште една рана врз Гази Баба. Ова е општина со сериозен потенцијал за развој и место кое заслужува нормални услови за живот, но Стефковски нуди само корупција, криминал, тендери за „привилегираните“ и евтини пиар објави кои никако не ја одразуваат неговата улога како градоначалник.

Ќе дозволиме ли Бобан Стефковски и ДПМНЕ повторно да ја претворат Гази Баба во приватна касичка за другари и партиски послушници, или конечно ќе ставиме крај на ова расипништво? - пишува на крајот од објавата.




Слично

Поврзани вести