ЛЕВИЦА СО „КОНТРА РЕПЛИКА“ КОН ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА КИСЕЛА ВОДА И АЕРОДРОМ, кој кого манипулира и лаже?
Од политичката партија „Левица“ деновиве со свои постови на социјалната мрежа „Фејсбук“ им реплицираа на градоначалниците на скопските општини Аеродром и Кисела Вода.
Во последната објава „Левица“ бара итно поставување на мерна станица до „загадувачот Усје наместо замајување на јавноста“
- Го цениме вниманието кое градоначалникот Орце Ѓорѓиевски континуирано ни го посветува како единствена опозиција во Советот на Општина Кисела Вода.
Во однос на оправдувањата на градоначалникот и неговите платени медиуми дека не го штити загадувачот УСЈЕ, решението е едноставно - НЕОДЛОЖНО ПОСТАВУВАЊЕ НА МЕРНА СТАНИЦАТА ДО ЦЕМЕНТАРНИЦАТА.
Како што потврди Ѓорѓиевски, пари за поставување мерна станица се предвидени во општинската програма. Прашањето е: зошто една година се ОДЛОЖУВА поставувањето на мерна станица?
Секој изминат ден без поставена мерна станица до најголемиот загадувач во нашата општина е погубен за жителите на Кисела Вода.
Одговорноста е во ваши раце, градоначалнику Орце Ѓорѓиевски. Доколку сакате да докажете дека навистина се грижете за здравјето на нашите сограѓани, ВРВЕН ПРИОРИТЕТ ќе е поставување на мерната станица.
Уште денес. Секое пролонгирање ве става во заштита на загадувачот кој ја труе нашата општина - пишува во објавата на „Левица“.
- Манипулацијата на, за жал неуспешниот градоначалник Тимчо Мицунски не се состои само во видеото кое вчера го објави на неговите профили и кое беше пренесено од целата медиумската машинерија на неговата партија, туку перфидната манипулација се случува и во Советот на општина Аеродром.
Имено, во точките на дневен ред не се наведени таканаречените општествено одговорни компании кои донираат. Со криење на компаниите советниците се ставени пред свршен чин да гласаат за донација за која не знаат од каде и од која компанија доаѓа, туку само се знае за што ќе биде истата искористена. Ова се прави под изговор дека компанијата сака да остане анонимна, за по неколку месеци да го видиме градоначалникот Тимчо како за евтин пиар се слика со газдите и директорите на компаниите и се фали со истите донатори кои претходно сакале да бидат „анонимни”.
Скоро сите точки за донации општинската администрацијата на манипулаторот Тимчо Муцунски ги доставува на самата седница како дополнителни точки без да имаат советниците увид во содржината на точката. Истото може да се види од приложениот видео доказ од осмата седница на Советот на Општина Аеродром - се наведува во објавата, а повеќе за ова може да видите од објавата подолу.
