„Левица“ со 17 пати поголем број на советници во општинските совети во споредба со 2017
Димитар Апасиев, лидерот на „Левица“, објави дека оваа партија има 17 пати поголем број на советници освоени на локалните избори споредено со претходните во 2017.
Левица во 2017 настапи во 11 општини од вкупно 80 и освои три советнички места, додека во неделата учествуваше во 38 општини и доби 51 советник.
„Ама, Заев вика рејтингот од 4% ни паднал на 2%, после „инцидентот“ во Прилеп!? p.s. Премиерот забораил да ја додаде единицата пред двојката (12%), ама ај сега да не го „омаловажуваме“ вака јавно“, напиша Апасиев на Фејсбук.
„Левица“ не освои ниту едно градоначалничко место во првиот круг, а во вториот ќе нема свој кандидат.
Партијата ќе има четири советници во Град Скопје, соопшти синоќа Државната изборна комисија.
Слично
