Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица со 1.000 амандмани ќе ги блокира „рударските“ закони на ВМРО-ДПМНЕ

Левица со 1.000 амандмани ќе ги блокира „рударските“ закони на ВМРО-ДПМНЕ

Левица во Собранието поднесе 1.000 амандмани со кои ќе ги блокира „рударските“ закони прелдожени од ВМРО-ДПМНЕ. Предлозите се најдоа под критика на опозицијата, која смета дека со тие измени, концесионерите ќе може по своја волја и избор да преземаат туѓ соседен имот.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека предлог0узмените ги задоволуваат потребите на рударското и енергетското лоби и бизнис интересите на премиерот Христијан Мицкоски, а на штета на јавниот интерес

„Денес, левичарските пратеници во Собранието поднесоа 1.000 АМАНДМАНИ на новите штетни предлог-закони на ДПМНЕ, со кои се задоволуваат потребите на рударското и енергетското лоби и бизнис интересите на Мицика,  а на штета на јавниот интерес! Ќе биде интересно на Комисијата за економски прашања. Земете си пуканки“, објави Апасиев.

Слично

Поврзани вести