Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕВИЦА СЕ ВОЗНЕМИРИ ОД ДОГОВОР СКЛУЧЕН ОД ОПШТИНА АЕРОДРОМ - „Зошто Муцунски дозволи тревата да порасне како во африканска прашума“?

ЛЕВИЦА СЕ ВОЗНЕМИРИ ОД ДОГОВОР СКЛУЧЕН ОД ОПШТИНА АЕРОДРОМ - „Зошто Муцунски дозволи тревата да порасне како во африканска прашума“?

Општинската организација на партијата Левица од Аеродром реагира на договор кој, како што велат, а и објавуваат документи, го склучила општината, на износ од 350 илјади евра.
„Општина Аеродром изминатиот период изгледаше како да се наоѓа во некоја афричка прашума поради неискосената трева. И покрај многубројните реакции на жителите преку социјалните мрежи, градоначалникот Тимчо Муцунски и неговата администрација воопшто не излегуваа на терен и оставија тревата да порасне како никогаш до сега.

Сега гледаме дека позади сета таа „неработа“, во позадина стоел договор со приватна фирма вреден 350 000 евра. Затоа јавно прашуваме:

Што се случува со сезонските работници во општина Аеродром кои се плаќаат од парите на граѓаните?

Дали намерно општината се доведе во ваква ситуација за да може манипулаторот Тимчо Муцунски да испумпува народни пари и ги оштетува жителите на општина Аеродром со штетни договори?

Левица будно ќе ги следи сите штетни договори и јавно ќе ги обелоденува“, се вели во соопштението од Левица-Аеродром објавено на нивната фејсбук страница..


Слично

Поврзани вести