ЛЕВИЦА СЕ НАЛУТИ НА ДИК: Пратениците не дојдоа да си ги земат уверенијата
По соопштувањето
на изборните резултати, Државната изборна комисија ги врачи уверенијата на
пратениците, но на доделувањето не присуствуваа двајцата пратеници на Левица.
Од Државната изборна комисија велат дека тие се налутиле дека им биле одбиени сите приговори, но истовремено ДИК уверува дека уверенијата ќе им бидат доставени или по пошта или со курир.
Инаку, веќе од понеделник започнува да тече рокот од 20 дена за да биде свикана конститутивната седница на новиот собраниски состав.
Слично
