Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица прогласи мнозинство на парламентарната опозиција во Советот на Град Скопје

Левица прогласи мнозинство на парламентарната опозиција во Советот на Град Скопје

Левица објави, како што велат од таму, дека официјално СДСМ и ДУИ ја загубиле локалната власт во Град Скопје и дека парламентарната опозиција обезбедила мнозинство во Советот. 

Од партијата на Димитар Апасиев велат дека соопштението е во име на „Мнозинството советници во Советот на Град Скопје“.

„Ја известуваме јавноста дека досегашната парламентарна опозиција во македонското Собрание, преку своите освоени советници во Град Скопје на последните Локални избори 2021, обезбедија апсолутно мнозинство од 24 советници од вкупниот број на 45 советници во Советот на Град Скопје“, објави „Левица“.

Од таму додаваат дека новото градско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти кои се во јавен интерес на народот и исклучиво за доброто на локалните жители и на месното население.

„Со ова, обзнануваме дека актуелната владина коалиција на СДС и ДУИ ќе биде опозиција во градот Скопје! Следуваат многу подобри денови во раководењето со градот, во корист на сите жители на Скопје и на неговите општини“, се додава во соопштението.


Слично

Поврзани вести