Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕВИЦА ПРЕМИНУВА ВО СРЕДНО-ГОЛЕМА ПАРТИЈА: Апасиев најави 20 кандидати за градоначалници и над 60 советнички листи

ЛЕВИЦА ПРЕМИНУВА ВО СРЕДНО-ГОЛЕМА ПАРТИЈА: Апасиев најави 20 кандидати за градоначалници и над 60 советнички листи

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на претставувањето на пратеникот Амар Мециновиќ за кандидат за градоначалник на Град Скопје посочи дека на овие избори, партијата ќе има рекорден број кандидати, како за градоначалници, така и советнички листи. 

„Левица на овие трети избори по ред ќе настапи со рекорден број на кандидати на градоначалници и советнички листи. На минатите избори имавме осум кандидати за градоначалници, додека оваа година ќе одиме со преку 20. Имавме 38 советнички листи, а оваа година ќе одиме со над 62, што значи дека Левица прераснува од мала во средно-голема партија. Имаме во три четвртини од општините локални органоци“, рече Апасиев. 

Тој посочи дека како партија, го очекуваат највисокиот резултат кој го имаат постигнато досега.

Слично

Поврзани вести