Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица прашува зошто Македонија воведе визи за Куба и Боцвана?

Левица прашува зошто Македонија воведе визи за Куба и Боцвана?

Левица ја критикува владината одлука за визи кон Куба и Боцвана и вели дека ова е уште еден показател за нејзината вазалска позиција кон „камшикарите“ од Запад.

Според Левица, надворешната политика на Македонија целосно ја има изгубено својата сувереност. Ова го потврдува и одлуката на македонското МНР да воведе визи за земји како Куба и Боцвана, велат од партијата. 

„Ваквата одлука на нашето МНР, без апсолутно никаква причина и образложение, да воведе визен режим на земји кои никогаш во својата историја немат водено штетна политика кон Македонија, е навистина сулуда. Особено што станува збор за држави кои безрезервно ја признаваа државата под нејзиното уставно име, почитувајќи го правото на самоопределување на македонскиот народ и неговиот суверенитет над својата држава“, стои во соопштението на партијата.

Левица најстрого ја осудува ваквата, како шти вели, срамна одлука на владата предводена од СДСМ и ДУИ, чија единствена цел во нивното водење на надворешната политика, очигледно е само тоа да бидат допадливи и максимално понизни кон нивните „камшикари”.

Европската комисија во извештајот до Европскиот парламент и до Европскиот совет за визниот режим пишува дека Северна Македонија во изминатата година не презела активности за натамошно усогласување со визната политика на ЕУ и дека сѐ уште не вовела визи за земјите за кои е потребна виза за ЕУ – Азербејџан, Боцвана, Куба, Ел Салвадор, Косово и Турција. Инаку во истиот текст претходно земјите членки оцениле дека имаат добра соработка со Северна Македонија и во управувањето на границите и во однос на реадмисијата.

Слично

Поврзани вести