Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕВИЦА ПРАШУВА КОГО ШТИТИ ВЛАДАТА: „законското регулирање на цените на кириите на грбот на студентите и работниците“

ЛЕВИЦА ПРАШУВА КОГО ШТИТИ ВЛАДАТА: „законското регулирање на цените на кириите на грбот на студентите и работниците“

Претставниците на политичката партија „Левица“ реагираат на озаконувањето на висината на цените за изнајмување станбен простор во Македонија. 

Како што стои во објавата на претседателот на партијата, Димитар Апасиев, оваа измена е според нив, „круцијален закон којшто опфаќа повеќе од половина милион население и се однесува на, популарно или народски кажано, кираџиите. Тоа се многу луѓе во Република Македонија“.

- На сајтовите на агенциите за недвижности можете да видите фрапантни податоци каде што уредно наместен стан од 50 квадрати достигнува цена по 800, 900 а некогаш и 1 000 евра. Овие проблеми на граѓаните не се новина кај нас, во Европа веќе ги имале и затоа се носени заштитнички закони - пишува Апасиев. 

Тој воедно објаснува дека досега методологијата за утврдување на закупнината е носена со уредба на Влада, односно е под-законска, а не законска материја. Со овој закон се предлага таа да стане законска материја и тоа да биде еден став во Законот за домување. 

- Втората промена, е за куршлусот кој е направен. Иако Владата има право да воведе регулација на кириите и наместо да утврди максимална кирија, нашата Влада утврдила минимална кирија. Кого штити Владата? Ги штити рентиерите наспроти студентите во тие станови, наспроти работниците во овие станови.

Со оваа измена предлагаме да се воведе горна граница на износот на кирија. Оттука, апелираме на вашата совест, бидејќи ова опфаќа многу од населението во Македонија, а истовремено од подзаконска, оваа материја станува материја легис - напишал Апасиев. 

Еве ја неговата објава: 

Слично

Поврзани вести