Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица: Поголем број на гласачи на терминалите отколку на избирачкиот список, заменик министер фатен како купува гласови

Левица: Поголем број на гласачи на терминалите отколку на избирачкиот список, заменик министер фатен како купува гласови

Во однос на предизборниот молк - истиот не беше почитуван од владејачките партии - штабовите беа отворени, таму имаше групно агитирање, а се агитираше и на социјалните мрежи, реагираше Левица.

„Имаме огромна разочараност од МВР, кои не реагираа навремено. Најголеми нерегуларности се поврзани со терминалите за идентификација. На повеќе избирачки места е продолжен избирачкиот процес по стар начин, со УВ лампи. Бројот на гласачи на терминалите е поголем од бројот на гласачи во избирачкиот список - тоа е нотирано на повеќе избирачки места. Починати лица се појавуваат на избирачки список. Наши набљудувачи не биле пуштани на избирачки места, а нотирани се низа притисоци на нашите набљудувачи, преку повици, СМС пораки и непосредни. Заменик министерот Албрим Хоџа и кандидатот Менди Кира се фатени како купуваат гласови во Струга, додека се евидентирани и агитации околу избирачки места од страна на ВМРО-ДПМНЕ, во Изборна единица 6“, велат од Левица. 

Велат дека нивни активисти забележале дека избирачкото ливче имало различни содржини на македонски и на албански јазик.

Слично

Поврзани вести