Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица поднесе кривична пријава против Пендиков

Левица поднесе кривична пријава против Пендиков

Левица до Основното јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против Христијан Пендиков, генералниот секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид „Цар Борис Трети“.

Од партијата на Димитар Апасиев велат дека се решуле на ваков потег поради, како што тврдат,  лажните изјави и клевети кон македонскиот народ и Македонија кои Пендиков ги изнел за време на интервјуто во февруари за бугарската телевизија БТВ.

„Пријавениот во контроверзното интервју ги изнесува познатите негаторски тези на бугарскиот шовинизам дека Македонците и Бугарите се еден исти народ. Со ваквата изјава, Пендиков ја изложува на подбив Република Македонија, која е конституирана и постои како национална држава на македонскиот народ. Оваа изјава е дејствие директно насочено кон разгорување национална омраза и нетрпеливост, изложувајќи ја на подбив македонската националност и оспорувајќи ја нејзината посебност и самобитност“, соопшти Левица.

Според Левица, Пендиков извршил повеќе кривични дела – повреда на угледот на Републиката , излагање подбив на македонскиот народ  и предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.


Слично

Поврзани вести