Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица поднесe 772 амандмани на измените на Изборниот законик

Левица поднесe 772 амандмани на измените на Изборниот законик

Левица поднесe 772 амандмани на измените на Изборниот законик што денеска ги предложија пратеници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Претходно тој објави дека предлог-законот им стигнал на мејл на пратениците во 14.45 часот, материјал од речиси 80 страници текст, во 15.50 часот почнала пленарната седница, а потоа била закажана Комисија за политички систем.

„Комисијата за политички систем е одложена на неодредено време“, соопшти пратеникот и претседател на партијата, Димитар Апасиев.

Претседателката на Комисијата, Соња Мираковска пак за МИА изјавила дека за измените се поднесени 500 амандмани. Главна  причина да се прекине работата на Комисијата, вели биле поднесените амандмани и потребата да се средат материјалите, но и да се остави повеќе простор за изјаснување на пратениците по упатените забелешки.

Малите партии застануваат против предлогот на поголемите парламентарните партии да се воведе изборен праг од 3 отсто од запишаните гласачи за влез на советници во општиниските совети и 2 отсто од гласачите за поднесување на независни  кандидатури.

Слично

Поврзани вести