„Левица“ отвори сметка за донации: Зависиме од членовите и симпатизерите, а не од лоби групи
„Левица“ објави линк за онлајн донирање за финансиска помош на партијата на Димитар Апасиев. Во повикот велат дека работата на партијата зависи од поддршката од членството и од симпатизерите, а не од лоби групи.
„Драги соборци. Уште пред повеќе од една деценија почнавме да градиме автентично политичко движење буквално од НУЛА, кое сега расцутува како чиста совест на нацијата.
Во Левица луѓето делуваат со љубов, посветеност и ентузијазам, поради тоа што веруваат дека подобар свет е неопходен и подобар свет е можен!
Левица никогаш нема да стане Партија која одработува за лоби групи кои ја купиле со нивните валкани пари. Затоа, Левица, консолидирана и посилна од било кога, се обраќа за политички ДОНАЦИИ кон сите наши стари и нови членови, симпатизери и сограѓани, нашите гласачи и поддржувачи – кон луѓето од кои црпи легитимитет и на кои им припаѓа“, се вели во повикот.
Истовремено „Левица“ повика на мобилизација на ново членство во пресрет на националниот празник Илинден.
Слично
