Левица освен за Заев бара гонење на уште едно лице за загрозување не независноста
Од партијата Левица денеска поднесоа кривична пријава против премиерот Зоран Заев за сторено дело од кривичниот законик кој се однесува на загрозување на независноста.
„Граѓанин кој ќе доведе државата во потчинетост од друга држава го сторува ова кривично дело. Се повикуваме на официјалните изјави на премиерот на Македонија и на премиерот на Грција. Со прифаќање на ерга оменс решение и изјавата дека ќе се стори сè да се прифати тоа, нанесена е штета и е доведена државата под зависност од друга држава. Бараме распит на пријавениот и процесуирање на случајот“- рече Димитар Апасиев од Левица.
Апасиев вели дека предметот ќе се проширувал и против министерот за надворешни рбаоти, Никола Димитров за здружување и организирање, бидејќи и тој рекол дека се залага за решението.
