Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Левица“ организира протест на отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

„Левица“ организира протест на отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

„Левица“ објави дека организира протест против свеченото отворање на вториот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“ на седми октомври во Охрид. Здружението-основач го одреди датумот на само четири дена пред Денот на народното востание против фашистичкиот окупатор во Македонија и државен празник 11 Октомври.

„На 7-ми октомври (петок) со почеток од 11 и 30 часот на улица „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам - Охрид, да се мобилизираме и да го искажеме нашиот антифашистички порив.

Поради отворањето на контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот „Цар Борис III“, Левица - Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза!

Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата!“, повикува „Левица“.

Партијата го нарече Цар Борис Трети „бугарски Хитлер“ а за Владата вели дека ја подржува рехабилитацијата на фашизмот.

„Сплотени против империјализмот и антимакедонизмот, да го искажеме народниот револт. Смрт за фашизмот, слобода на народот!“, додава „Левица“.

Свеченото отворање на културниот клуб во Охрид е најавено во 12:00 часот по локално време во трговскиот центар Аман, кат 1.

Отворањето на првиот бугарски културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола мина со контроверзно присуство на бугарскиот државен врв и опозиција, а во градот имаше голем протест од страна на граѓаните.


Слично

Поврзани вести