Левица обвинува дека поединци блиски до Беџети градат незаконски на Матка
Дивоградбите на кањонот Матка деновиве се во фокусот на јавноста. Граѓаните, здруженијата но и голем дел партии реагираат за дивите градби .
Од партијата „Левица“ со низа обвиненија дека лица блиски до градоначалникот градат незаконски на Матка и критики за институционален молк.
Таа партија потенцира дека 39 институции не преземале никакви механизми за да ги спречат и откријат локалните моќници кои го уништуваат тоа заштитено подрачје.
„Матка уште еднаш потврди дека функционерите на ДУИ единствено работат за своите криминални цели, на штета на јавното добро и интересите на сите граѓани“, велат од Левица.
Од таму исто така додаваат дека директорот на Државниот градежен инспекторат Локман Љимани, сѐ уште одбива да се обрати до јавноста, откако оваа институција се прогласи ненадлежна за градењето на Матка, иако членот 145 и 149 од Законот за градење предвидува, во случај на непостапување на општината.
Пред неколку дена пак градоначалникот Беџети на општина Сарај порача никој да не му се меша во ингеренциите за случајот со Матка, откако министерот Сугаревски најави можно одземање на истите.
Дивите платформи пак се никнати токму во местото кое е заштитена зона.
