ЛЕВИЦА: Нема да се ставиме со служба на исполнување на цензусот
Од Левица велат дека нема да се стават во служба на исполнување на цензусот за вториот круг од претседателските избори.
Тие ја демантираат информацијата дека ја поддржале кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска.
„На 12-тата седница на Централниот комитет на Левица, највисокиот орган на партијата, која се одржа на 3-ти Февруари, во точката на дневен ред „Претседателски избори“, беше одлучено Левица да не поддржи ниту еден од кандидатите за претседател на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, односно Централниот комитет даде препорака до своите членови и симпатизери да одлучат по сопствено убедување, дали ќе бојкотираат, дали ќе пречкртаат ливче или ќе гласаат. Сметаме дека претседателската функција има прелимитирани ингеренции, кои не можат ама баш ништо да направат за добробитта на работниците. Имено, од аспект на обичниот човек кој живее од својот труд, ништо не нудат двете партии, ниту нивните кандидати“, наведуваат од партијата.
Членовите на Централниот комитет и Президиумот на Левица, како индивидуалци, почитувајќи го горенаведениот партиски став, ќе го бојкотираат и вториот изборен круг, информираат од Левица.
Велат дека гневот на граѓаните кон ВМРО, СДСМ, ДУИ и останатите парламентарни партии е оправдан и тие тој гнев сакаат да го легитимираат, а не како што тврдат, оваа фарса од избори со кои од една страна се легитимира Преспанскиот договор и „евроатланските интеграции на Северна Македонија“, а од друга страна се бетонира бипартизмот со тоа што се спасува ВМРО ДПМНЕ од распаѓање, а СДСМ се одржува на власт благодарение на безусловната поддршка од западниот меѓународен фактор.
„Сепак, како што е веќе запозната јавноста, поранешни членови на Левица (кои со нестатутарни и незаконити дејствија спроведоа пуч во Левица, го узурпираа партискиот печат и штембил и ја сменија бравата на централната партиска канцеларија), изминативе месеци работеа и навистина доволно сработија за да се извалка имиџот на Левица како партија која го застапува народот против партиите на Пржинската четворка. Конкретно, иако партиските анализи посочуваа дека има голема веројатност да не биде исполнет цензусот за овие избори, а како би се делегитимирале во целост ВМРО-СДСМ-ДУИ, пучистите сепак, истоверно како овие партии, се ставија во служба на исполнување на цензусот, и тоа на начин што го поддржаа кандидатот за претседател на ВМРО – ДПМНЕ. Оваа мала криминогена група предводена од Димитар Апасиев, ја окупира централната партиска канцеларија повеќе од 3 месеци, и истата ја претвори во дополнителен штаб на ВМРО ДПМНЕ. Денес на паралелната фб страна која ја водат (визуелно реплика на официјалната) објавија дека „Левица дава поддршка на проф. Гордана Силјановска Давкова“, велат од партијата.Од централниот комитет на партијата велат дека ова е последен
обид за разоткривање на ова измама и овој свесен или несвесен сојуз на партиите
на естаблишментот и групата околу Димитар Апасиев, кои како што велат лажно се претставуваат,
прво како левичари, а после и како раководство на Левица. Со одлука на
Дисциплинската комијата која ја потврди Централниот комитет, нивното членство е
замрзнато уште пред два месеци, а за тоа кое е легитимното раководство на
Левица се води постапка пред скопскиот основен и апелационен суд, се наведува до демантот.
