Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица: Недозволиво е кандидати на ВМРО-ДПМНЕ да не учествуваат на ТВ-дебати

Левица: Недозволиво е кандидати на ВМРО-ДПМНЕ да не учествуваат на ТВ-дебати

Вчера се одржа важната дебата на ТВ24 со кандидатите за градоначалник на Карпош, клучна можност граѓаните да се запознаат со програмите и визиите. За жал, сакаме да истакнеме дека кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ не се појави на дебатата, наводно поради „партиски обврски“, реагираат денеска од Левица.

„Ова го сметаме за несоодветно, лицемерно и вообразено однесување кое е надвор од секоја политичка култура.


Човек што одлучил да се кандидира за прв човек на општината и потпишал кодекс за фер услови, има должност да ја почитува јавноста и да се соочи со другите кандидати.
Овој потег испраќа неприфатлива порака: дека кандидатот и партијата се „НАД СИТЕ“ и дека дискусијата со јавноста и другите политички субјекти не е важна. Ова е демонстрација на доминантност која Карпош не ја заслужува.


Апелираме до ДПМНЕ и до сите политички субјекти: Покажете барем малку политичка култура и зауздајте ја оваа очигледна ароганција. Јавноста е важна, а граѓаните заслужуваат отворено и директно соочување.


Ваквото игнорирање на јавната дебата не само што е неприфатливо, туку е и автогол кој секогаш се враќа“, гласи соопштението што го објави партијата за јавноста.


Слично

Поврзани вести