Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица: Насер Зибери купи Jeep Compass за 40 илјади евра народни пари

Левица: Насер Зибери купи Jeep Compass за 40 илјади евра народни пари

Насер Зибери за свои потреби како Народен правобранител набавил автомобил од американскиот бренд Jeep Compass, за кој се потрошени 2,4 милиони денари, или близу 40 илјади евра пари на граѓаните, тврди Левица.

Според партијата, автомобилот има вградено радио со екран на допир, предупредување за замор кај возач, адаптивен темпомат, препознавање на сообраќајни знаци и слично.

– Досега, во возниот парк на оваа институција беа застапени возилата од марките Фолксваген, Шкода и Пежо. За функционирање на возниот парк во просек годишно се трошат над 40 илјади евра за гориво, осигурување на патници, резервни делови, поправки, технички прегледи и слично. Колку ли сега оваа луксузирање дополнително ќе ги чини граѓаните, реагира Левица.

Зибери е несуден прв премиер Албанец на Македонија во кампањата на ДУИ на последните парламентарни избори. Потоа ја доби функцијата Народен правобранител.

Слично

Поврзани вести