Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица: Наместо дискреционото право на директорот - почитување на ранг-листите при секој јавен конкурс

Левица: Наместо дискреционото право на директорот - почитување на ранг-листите при секој јавен конкурс

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува дискреционото право на директорите на јавните здравствени установи при вработување. Со оваа одлука, за првпат сериозно се нарушува долгогодишниот механизам на партиска контрола врз јавното здравство и се отвора пат кон систем заснован на знаење, стручност и професионални критериуми.

Ова го објавија денеска од партијата Левица, кои се предлагачи на измени на Законот за здравствена заштите, од каде посочуваат дека со предложените законски измени ја затвораат правната празнина што со години ја легитимираше практиката на селективни и однапред договорени вработувања, дозволувајќи најквалитетните кандидати да бидат системски исклучувани. 

- Наместо дискреционото право на директорот, сега воведуваме обврска за почитување на ранг-листите при секој јавен конкурс.

Ова е суштински чекор кон департизација на јавното здравство и кон враќање на достоинството на медицинската професија. Државата конечно добива можност да го задржи најдоброто што го создава, наместо да го извезува поради неправда и клиентелизам - се наведува во нивната објава. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук/Левица

Слично

Поврзани вести