Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕВИЦА: На Ќафасан стои празен јарбол, државното знаме истуткано и фрлено на земја

ЛЕВИЦА: На Ќафасан стои празен јарбол,  државното знаме истуткано и фрлено на земја

Левица регистрира скандал на граничниот премин Ќафасан. 

„Празен јарбол, државното знаме истуткано и фрлено на земја – ваква е сликата во моментов на граничниот премин, Ќафасан“,  велат од партијата Левица. 

Додаваат дека по уредувањето на влезот и излезот во и од државата се проценува системот. Оттука, како што наведуваат, македонскиот е трул со самоуништување и непочит кон националните обележја. Од Левица велат дека државните симболи во континуитет се деградираат, со крајно непочитување и кршење на законите од страна на властите.

„Прекршен е член 19 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, според кој: „кога знамето е спуштено, ниеден негов дел не смее да го допира подот…” Знамето на сликиве не само што е фрлено на земја, туку е и извалкано со кал. Фотографиите ни ги пратија загрижени сограѓани, за кои, единствено, Левица е гласот на народот. Единствено, Левица се бори за националните интереси“, велат од партијата. 

Левица апелира до техничкиот министер Панче Тошковски веднаш да реагира за ваквото кршење на законите и да утврди одговорност од лицата кои дозволиле вакво непочитување на државните симболи.

фото Левица

Слично

Поврзани вести