ЛЕВИЦА: Муцунски сака по секоја цена да го помине ДУП-от за Лисиче, за да може да ја исплати скапата обврзница со која ја задолжи општината
„Левица“ со обвинувања за градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.
„МАРКИЦИТЕ ВО ДУПОТ ЗА ЛИСИЧЕ ДА СЕ ИЗБРИШАТ КАКО ПРЕТХОДНИТЕ МАРКИЦИ
Тоа што градоначалникот Тимчо Муцунски инсистира да се донесе штетниот ДУП за населба Лисиче, кој е проект на Златко Марин од СДС, потврдува дека овие две партии единствено работат за приватни интереси за поединци. Веќе видено сценарио, како во случајот со Мајчин Дом, за кој СДС беше силен противник додека Коневски управуваше со општината.
Нашите сомнежи се дека Муцунски сака по секоја цена да го помине Левица нема да дозволи повторно да биде загрозен интересот на жителите на Аеродром заради тесната врска на локалната власт со градежните моќници. Го потсетуваме Муцунски дека политичката кариера на секој градоначалник во Аеродром завршила токму поради ваквите бизнис-зделки со градежната мафија“, обвинија оттаму.
ФОТО:Левица
Слично
