Левица: Контраверзната одлука за изградба на ветерни и соларни електрани на изворите на Студенчица пред Уставен суд
Од политичката партија „Левица“ соопштуваат дека поднеле иницијатива до Уставниот суд со која ја оспоруваат контраверзната владина одлука за доделвуање на земјиште за изградба на ветерни и соларни електрани во зони на заштитено подрачје на изворите на Студенчица.
Како што објавуваат на нивниот Фејсбук профил ова поддрачје е од огромен јавен интерес и во истото досега не било дозволно да се градат објекти заради заштита на здравјето на над 10 проценти од популацијата во Македонија
- Ја известуваме јавноста и граѓаните на Македонски Брод, Кичево, Прилеп, Долнени и Пласница дека партијата Левица поднесе иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија, со која ја оспорува контроверзната владина одлука за доделување на земјиште за изградба на ветерни и соларни електрани во зони на заштитено подрачје на изворите на Студенчица.
Од партијата додаваат дека со оваа иницијатива „недвосмислено покажуваме дека јавниот интерес е императив пред бизнис-интересите на елитата и дека ќе ги искористиме сите механизми за да ги зачуваме здравјето, благосостојбата и пристојниот живот на македонскиот народ“.
- За разлика од бизнис-партиите кои ги застапуваат интересите на олигархијата во Македонија, Левица секогаш ќе се става на страната на обесправените слоеви - пишува на крај во објавата на „Левица“.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
