Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕВИЦА КОНТРА БАРАЊАТА НА ЧЕВЛАРИТЕ: Тврдат се работи во недели, на празници, прекувремено, а не се плаќа

ЛЕВИЦА КОНТРА БАРАЊАТА НА ЧЕВЛАРИТЕ: Тврдат се работи во недели, на празници, прекувремено, а не се плаќа

Од Левица Куманово реагираат на барањата на Здружението на чевлари од нивниот град да се намалат придонесите и велат дека е срамно луѓето во чевларските фабрики да работат за 10.000 денари. 

Тие прашуваат дали може да се замисли живот со 10.000 денари месечно. Наведуваат дека овие работници се сиромашни според Државниот завод за статистика и дека кошничката за четиричлено семејство е околу 32.000 денари. 

„Зошто јавно не говорите дека голем дел од газдите во Куманово всушност и не плаќаат придонеси и не дозволуваат синдикално организирање на работниците. Зошто не ги отворите прашањата за постојаниот мобинг и психичкиот терор кој се врши врз вработените во чевларските и текстилни фирми во Куманово? Зошто јавно не говорите дека вработените во чевларската, текстилната и кожарската индустрија работат прекувремено и не добиваат соодветен надоместок за тоа?  Зошто јавно не говорите дека вработените во текстилна, чевларска и кожарската индустрија работат во недели и на државни празници без соодветен надоместок?“ - велат од Левица Куманово. 

Тие додаваат дека овие работници работат во мизерни услови и ветуваат дека ќе се борат за нивните права. 

Слично

Поврзани вести