Левица: Kонечно после 20 години ДУИ оди во опозиција
Од Левица велат дека конечно после 20 години ДУИ оди во опозиција.
Со обезбедување на потребното мнозинство во Собранието, загарантирано е распуштање на Владата преку гласање на недоверба - во случај премиерот Зоран Заев да не ја поднесе својата оставка.
„Овој договор, во ниеден случај, не значи коалицирање, и е со единствена цел - да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ. Левица и понатаму, односно и на идните парламентарни избори, ќе настапува самостојно - како единствен политички претставник на македонската угнетена класа. За идните избори и тоа кој и како ќе ги организира, претстојат понатамошни преговори во рамки на новото мнозинство“, соопшти Левица.
Слично
