Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица ќе се заложи за обесправените работници од штипска Мода Ексклузив

Левица ќе се заложи за обесправените работници од штипска Мода Ексклузив

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, заедно со носителот на листата за советници од Штип, Ангеле Михајловски, остварија средба со оштетените работници од приватната конфекција БЛС Мода Ексклузив.

На средбата работниците го искажале својот револт од односот на раководните во фирмата и немање слух за решавање на нивниот проблем, а тоа се неисплатени плати за август и септември. Како што пренесуваат од Левица, за проблемот на овие работници немало слух ниту во институциите до кои се обратиле обесправените работници.

„Нивната плата за месеците август и септември не е исплатена, а институциите до кои се обратиле, вклучувајќи го и градоначалникот Јорданов очигледно немаат намера да мрднат со прст и да се спротистават на нечесното работење на газдите.

Очигледно и овде политиката длабоко навлегла, ако се земе во предвид фактот што овластеното лице за оваа фирма е Добрина Дамјановска, која пред извесен период јавно се повикуваше на владејачката ДПМНЕ“, велат од Левица.

Од Левица информираат дека како партија која жестоко се бори за правата на работниците, ќе ги преземе сите мерки и средства кои се на располагање за проблемот со овие 35 работници биде решен и додаваат: „Третманот кон работниците мора да биде на достоинствено ниво“.


Слично

Поврзани вести