Левица ќе поднесе нова иницијатива за референдум, ако Џафери ја отфрли ќе следи блокада
Левица ќе поднесе нова иницијатива за референдум за Договорот против Бугарија.
Пратеникот Борислав Крмов ова денеска го соопшти на прес- конференција во Собранието. Највисоките органи на партијата вчера дискутирале за оваа тема, но не прецизирале како ќе гласи референдумското прашање. Рече дека ако собранискиот претседател Талат Џафери ја отфрли и оваа иницијатива, заедно со ВМРО-ДПМНЕ најавуваат целосна блокада на Собранието. Инаку, лидерот на Левица, Димитар Апасиев вчера повика на целосна блокада на Собранието поради односот на Џафери кој ја отфрли иницијативата за референдум и кажа дека тоа било спротивно на Уставот. Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека спикерот се однесува како уставен судија.
Слично
