Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица ќе го блокира Законот за државјанство

Левица ќе го блокира Законот за државјанство

Партијата Левица со долги говори и молчење го блокира Законот за државјанство. 

Лидерот и пратеник, Димитар Апасиев со говори или молчење ќе се обиде да го блокира Законот за државјанство во Комисијата за одбрана. 

„Левица ќе ги искористи сите свои капацитети за да го спречи носењето на ваквиот штетен закон и планираниот вештачки инжинеринг на демографската структура, кој власта насилнички, неделовнички и без учество на јавноста се обидува да го протурка“, соопштуваат од партијата.

Од партијата велат дека предлог-Законот за државјанства, е донесен зад затворени врати помеѓу премиерот Зоран Заев, и претседателите на Алијанса на Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши. 

Претходно се споменуваше дека со изјава од три сведоци ќе може да се добиваат државјанства, но овој предлог понатаму во разговорите беше отфрлен. 

Слично

Поврзани вести