Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица ја одбра професорката Билјана Ванковска за кандидат за претседател

Левица ја одбра професорката Билјана Ванковска за кандидат за претседател

Лидерот на Левица,Димитар Апасиев, денеска објави дека професорката Билјана Ванковска е избарана да биде кандидат за претседател на претседателските избори напролет која ќе ја има поддршката од оваа опозициска партија.

- Левица прва го обзнани својот кандидат и им фрлама ракавица на буржоаските партии, а тоа е професорката Билјана Ванковска. Интерните анкети покажаа дека таа е најдобар кандидат, рече Апасиев.

Ванковска рече дека понудата ја прифатила со задоволство и дека нејзината визија е иста како онаа на опозициската партија, иако не е нејзин член.

- Им благодарам на Левица која ми ја даде довербата и одговорноста. Иако не сум член на партијата, јас се чувствувам како дел од тимот. Знаете дека јас се обидов еднаш да учествувам на претседателските избори како независен канидат и им благодарам на тие неколку илјади граѓани кои го дадоа својот потпис во Државната изборна комисија, кажа професорката.

Таа додаде дека во кампањата ќе промовира левичарски, но и сопствени идеи.

Слично

Поврзани вести