Левица и Максим Димитриевски го осудија терористичкиот масакр во Москва
Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, изрази сочуство до Руската Федерација, откако вчера терористи на Исламска држава убија 115 лица во концертна сала во Москва.
„Во мое лично име, во име на граѓаните на Општина Куманово, изразувам најдлабоко сочувство до граѓаните на Руска Федерација за сите жртви во терористичкиот акт којшто вчера се случи во Москва и најсилно ги осудувам сите вакви обиди, гестови, терористички акти. Мора сите заедно да се бориме против тероризмот и сите видови насилство!“, напиша кумановскиот градоначалник
Светската и македонската јавност се згрозени од терористичкиот напад кој се случи минатата ноќ во Москва. На крајно умоболен, суров и грозоморен начин беа убивани невини луѓе од автоматско оружје во концертната сала „Крокус“.
Според информациите кои се достапни засега убиени се стотина невини лица, најголем дел од нив млади луѓе, а помеѓу убиените има и деца. Бројот на ранети лица, кои се сместени во болниците е многу поголем.
„Левица изразува длабоко сочувство до жртвите на терористичкиот напад и нивните семејства. Ваквите грозоморни дејствија заслужуваат најстрога осуда и санкција, како за извршителите, така и за нарачателите на убиствата!
Очекуваме и државниот врв да изрази сочувство и поддршка за семејствата на жртвите и ја искаже горчината која ја чувствуваат македонските граѓани од грозоморниот чин за кој нема сомнение дека го извршиле добро-обучени професионалци“, објави Левица.
Слично
