Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица го обвини Заев дека потпишал предавнички договор со Албин Курти

Левица го обвини Заев дека потпишал предавнички договор со Албин Курти

Левица го обвини премиерот Зоран Заев дека потпиша предавнички договор со Косово. 

Од партијата наведуваат дека договорот кој е еден од 11-те потпишани помеѓу Албин Курти и Зоран Заев, дозволува влез, престој и транзит на т.н. „Сили на безбедност на Косово“ низ територијата на Република Македонија.

„Изговорот кој се користи за ваквиот срамен чин е дека силите на „Косово“ би служеле како помош на Македонија во безбедноста и итното реагирање за време на кризи. Но, тоа се лаги од страна на двата протекторатски вазали и немаат никаква подлога во реалноста. Слободното престојување на воени сили на друга држава на територија на формално суверена и независна Република Македонија, се чекор кон целосна окупација и вршење политичко влијание врз политиката од највисок степен. Особено кога се воени сили на нелигитмна држава, која е непризнаена од страна на Обединетите Нации. Воените сили на „Косово“ се уште еден чекор кон остварување на фашистичкиот сон за Голема Албанија и ќе се користат како аргумент и страшило против секој слободоумен македонски патриот, особено политичките организации со анти-империјалистички карактер. Впрочем, токму на оваа средба со Заев, Курти ни соопшти дека Косово нема намера да ги екстрадира во Македонија осудените злостроници од случајот „Монструм“, што е уште еден акт на саботажа на македонскиот правен поредок“, реагира Левица.

Левица е против ваквиот договор и се залага да го укине, а тоа важи и за признавањето на Косово, штом дојде на власт. Од Левица велат дека не смееме да дозволиме Македонија да стане Палестина на Балканот.

Слично

Поврзани вести