Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица ги оспори двојазичните полициски униформи пред Уставен суд

Левица ги оспори двојазичните полициски униформи пред Уставен суд

Левица денес поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на уредбата со која Владата воведува двојазичност на полициските униформи.

„Сметаме дека ваквата уредба како општ подзаконски акт на владата е во спротивност со Уставот, со други подзаконски акти, со Законот за јазици, Законот за внатрешни работи, како и со Законот за полиција“, соопштија од „Левица“.

Од таму додаваат дека Владата самоиницијативно го миноризира македонскиот јазик и го деградира македонскиот идентитет.

Се спроведуваат сите процедури, од март 2023 година полициските униформи да бидат на македонски и албански јазик, најави претходно министерот за внатрепни работи Оливер Спасовски во емисијата „Патот Кон“ на  ТВ Алсат.

„Оваа регулатива стапи во сила осмиот ден откако беше донесена и ќе започне да се применува најдоцна една година од влегувањето во сила, поточно најдоцна до 26 март 2023 година“, рече Оливер Спасовски.

Спасовски додаде дека се прават сите подготовки полициските униформи во првиот квартал од 2023 година да бидат на два јазика.



Слично

Поврзани вести