ЛЕВИЦА ГИ ОБЈАВИ НОСИТЕЛИТЕ НА ЛИСТИ: Aпасиев во единицата, Крмов во тројката
Левица ги објави носителите на кандидатските листи. Покрај фотографиите на носителите стои слоганот слоганот на кампањата на Левица: „Гласај за да се прашува Македонецот!“
Во првата изборна единица носител на листа е претседателот на партијата, пратеникот Димитар Апасиев, во втората изборна единица е портпаролот на партијата Амар Мециновиќ, во третата изборна единица актуелниот пратеник Борислав Крмов, во четвртата изборна единица носител е Сашко Јанчев, советник во Гевгелија. Понатаму, во Петата изборна единица Јована Мојсоска, генерален секретар на партијата, додека во шестата изборна единица прв на листата за парламентарните избори е Игор Димески, советник во Општина Центар. Граѓаните наскоро ќе гласаат на парламентарни, но и на претседателски избори.
