Левица ги објави кандидатите за градоначалници за скопските општини
Левица денес ги објави кандидатите за градоначалници на скопските општини на локалните избори,откако претходно веќе соопшти дека пратеникот Амар Мециновиќ ќе се грка за татко на Град Скопје.
Кандидат за Градоначалник на Општина Кисела Вода е проф. д-р Јане Ацевски, поранешен декан на Шумарскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, актуелен раководител на Катедрата за ботаника и дендрологија.
Кандидат за Градоначалник на Општина Ѓорче Петров е адвокат Александар Димитријевиќ, сопственик на позната адвокатска канцеларија и координатор на Трудов сектор на Политичка Партија Левица.
Кандидат за Градоначалник на Општина Карпош е Антонио Димитров, актуелен директор на најстарата културна установа во Скопје, Културно-Информативниот Центар.
Кандидат за Градоначалник на Општина Гази Баба е Златко Тренчевски, металуршки инженер со долгогодишно раководно искуство во повеќе познати компании.
За Аеродром предложен е Марјан Димитриев, кој е дипломиран економист со повеќегодишно искуство во банкарскиот сектор, консултант за
претприемништво и бизнис развој.
