Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕВИЦА: Еднаквоста пред законите која Мицкоски ја ветуваше се претвори во фарса

ЛЕВИЦА: Еднаквоста пред законите која Мицкоски ја ветуваше се претвори во фарса

Oд политичката партија Левица, велат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да го штити собранискиот спикер Африм Гаши. 

„Еднаквоста и одговорноста пред законите кои Христијан Мицкоски ги ветуваше во предизборната кампања се претворија во фарса кога е во прашање одговорноста пред законите на собранискиот спикер Африм Гаши. Коалициониот партнер на ДПМНЕ, не побара ниту сто дена за да почне со газењето на Уставот, Законите и Деловникот на Собранието во повеќе наврати“,  велат од Левица.

Поради ова Левица е децидна дека Гаши повеќе нема интегритет да ја врши функцијата претседател на Собранието и поднесе интерпелација по основ на седум точки: Повреда на секуларноста на државата; Повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП личности; Повреда на употребата на македонскиот јазик; Повреда на правилата за употреба на државните инсигнии; Повреда на начелото на инкомпатибилност на функциите; Повреда на законските и етичките одредби за антинепотизам; Повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците!

Велат дека најавите и изјавите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да гласаат за Интерпелацијата за спикерот Африм Гаши поднесена од Левица, докажуваат дека наместо промена, народот доби замена, односно продолжување на полтронските политики.

„ДПМНЕ наместо да научи и да не ги повторува грешките и понизниот однос на распаднатата СДС кон помалиот коалиционен партнер – тие жестоко и неаргументирано го бранат Гаши во очи на јавноста која е свесна за низата случувања кои се поистоветуваат со башибозлукот на претходната владејачка гарнитура.  Со цел да го спречиме самоволието и безредието и погазувањето на државата кое го воведува новиот собраниски спикер, потсетуваме дека како партија стоиме на располагање и даваме бланко поддршка на пратениците од ДПМНЕ за смена на Претседателот на Собранието и избор на нов човек, од нивната пратеничка група.  Левица го повикува Мицкоски и пратениците на ДПМНЕ да престанат да ги штитат антидржавните и косовски елементи во сопствената коалиција и Влада“, се вели во соопштението од Левица.

Од „Вреди“ ја оправдуваат постапката на Гаши и велат дека како втор човек во државата има право да го прати обезбедувањето на аеродром за Косово. 

Слично

Поврзани вести