Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица: Државата го гаси „Кузман Шапкарев“ се удира врз Пелагонија и аграрот

Левица: Државата го гаси „Кузман Шапкарев“ се удира врз Пелагонија и аграрот

Левица Битола обвини дека со тоа што во конкурсот за учебната 2026/2027 година нема предвидено упис на нови ученици во СОЗУ „Кузман Шапкарев“, се загрозува иднината на земјоделското и ветеринарното образование во Битола и Пелагонија.

Од партијата велат дека станува збор за училиште со долга традиција и значајна улога за регионот, кој со децении обезбедува стручен кадар за земјоделството и сточарството.

„Пелагонија е столбот на домашното производство, а ‘Кузман Шапкарев’ со децении е единствениот центар кој продуцира ветеринарни и земјоделски стручњаци неопходни за негов опстанок. Со прекинување на образовниот процес, Министерството свесно ги саботира веќе отпочнатите проекти за практична настава и соработка со агро секторот, фрлајќи ги во вода вложените ресурси и опрема“, се наведува во соопштението на Левица.

Од Левица додаваат дека прашањето има и пошироки последици за регионот, бидејќи, според нив, затворањето на вратите за нови ученици значи слабеење на локалниот развој и дополнителен притисок врз младите да ја бараат својата иднина надвор од Битола.

Партијата бара итно ревидирање на конкурсот за упис и враќање на можноста за запишување нова генерација ученици во училиштето.

Слично

Поврзани вести