Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица: ДПМНЕ изгласа со ДУИ нов „балансер“

Левица: ДПМНЕ изгласа со ДУИ нов „балансер“


Левица денеска реагира дека вчера ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ изгласале собраниска комисија за почитување на ,,Балансерот" за етнички вработувања

„Иако во својата предизборна програма, ВМРО-ДПМНЕ ветуваше укинување на балансерот за вработувања по етнички клуч и негираше било каква соработка со криминалната ДУИ, гласачите на ДПМНЕ се повторно измамени и разочарани.

Имено, во итна постапка, денес пратениците на ДПМНЕ го изгласаа предлогот на ДУИ за формирање на собраниска комисија за мониторирање на спроведување на т.н. „Балансер”. Само пратениците на Левица гласаа против формирање на ваква бесмислена собраниска комисија.

Оваа соработка на ДПМНЕ со стариот коалиционен партнер ДУИ не е изненадувачки и доаѓа како резултат на пазарењето на ДПМНЕ за 2/3 мнозинство во Собранието со пратениците на ДУИ, кога наместо прифаќање на принципиелниот предлог на Левица за воведување на една изборна единица, ДПМНЕ одлучи да ја прифати условената поддршка за 2/3 мнозинство во Собранието на ДУИ - со формирање на парламентарна комисија за следење на етничката застапеност во државните органи, а со која ќе претседава кадар на ДУИ“, смета Левица.

Според партијата, со тоа нема да биде укината праксата за вработувања во јавната администрација и да се одлучува според етничката припадност, а не според личниот квалитет и стручност.

„Напротив, праксата за вработување по етнички клуч сега ќе биде институиционално унапредена преку набљудување на нејзиното спроведување од страна на собраниска комисија на ДУИ, а партиската војска на ВРЕДИ и на ДУИ ќе продолжи непречено да се вдомува во државните институции!“, додаваат од таму.

Левица повикува на итно и целосно укинувањето на „Балансерот кој поттикнува партизацијата на јавната администраја, неефикасност и дискриминација.


Слично

Поврзани вести